Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 19

:
Macedonian - 2006
1 Кога Јосафат, царот јудејски, се враќаше со мир во домот свој во Ерусалим,
2 излезе да го пресретне јасновидецот Јуј, син Ананиев, и му рече на царот Јосафат: „Требаше ли да му помагаш на безбожникот и да ги сакаш оние, што Го мразат Господа? Затоа гневот Господов падна врз тебе.
3 Но добро се најде во тебе, зашто ти ги истреби идолите во земјата јудејска и го расположи срцето свое за да Го побараш Бога.“
4 Јосафат живееше во Ерусалим. И пак почна да го обиколува народот свој од Вирсавија до Ефремовата Гора, и ги поврати кон Господ, Бог на нивните предци.
5 И постави судии во земјата по сите утврдени градови на Јудеја, во секој град,
6 па им рече на судиите: „Внимавај­те што правите; вие вршите не суд човечки, туку суд Господов; во судската работа Бог е со вас.
7 Затоа стравот Господов нека биде над вас: работете внимателно, зашто кај Господ, нашиот Бог, нема неправда, ни пристрасност, ниту поткупување.“
8 Јосафат и во Ерусалим постави некои левити и свештеници и ста­решини на домовите во Израел за суд Господов и за тужби. И се вратија во Ерусалим.
9 Тогаш им заповеда, велејќи: „Така работете со страв Господов, со верност и со чисто срце:
10 во секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што живеат по градовите свои, било за крв­нина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господ, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите.
11 И ете, првосвештеникот Амарија е над вас за секоја Господова работа, а Зевадија, синот Јишмаелов, началник на Јудиниот дом за секоја царска ра­бота, а и левитите ќе ви служат како писари. Бидете цврсти и работе­те, и Господ ќе биде со добриот.“